Андреј Апостолски Лечиќ, селекторот на машката селекција на кошаркари „Под 16“ го дефинираше списокот на играчи на кои ќе смета во наредниот период, односно подготовките, потоа и учеството на ФИБА „Челенџер“ турнир.
Од 16. до 21. август во Скопје, ќе биде одигран еден од турнирите од „А“ дивизијата за кошаркари „Под 16“ години. И сме во веројатно најсилната „А“ група од овие новоформирани “челенџери“. За противници ги имаме соодветните селекции на: Франција, Литванија, Грција, Русија и Романија.
Селектираните кошаркари ќе го имаат првиот тренинг на 5.јули (понеделник) во 09. часот, во салата „Градски парк“ во Скопје.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Андреј Шошкиќ (Работнички)
Ангел Стојанов (Работнички)
Никита Јакимовски (Работнички)
Дамјан Трифуновски (Работнички)
Милош Кнежевиќ (Работнички)
Даниел Балоски (Работнички
Филип Чолаковски (Работнички)
Стефан Стојковиќ (Феникс 2010)
Грегориј Јакимовски (Феникс 2010)
Јован Чурлинов (Феникс 2010)
Борјан Јовановски (Феникс 2010)
Тео Војновиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Величковски (МЗТ Скопје Аеродром)
Лука Серафимовски (МЗТ Скопје Аеродром)
Павел Иванов (МЗТ Скопје Аеродром)
Марко Лукановски (Вардар)
Бојан Ивановски (Вардар)
Диједон Синани (Вардар)
Димитар Зетов (Струмица)
Коста Ќириловски (Партизан Водно санс)
Ангел Кечовски (Ангели)
Ристе Петров (Ролинг)
Ристе Буклишев (Балкан-Бугарија)
Давид Петрушевски (Cestistica San Severo-Италија)
Рубин Стефанов (Rimini Crabs - Италија)
Селектор: Андреј Апостолски Лечиќ