25.01.2023

За дуелите со БиХ и Белгија, предводникот на сениорскиот национален тим смета на 17 играчи

Селекторот Ашаданов го објави поширокиот список на кошаркарки за февруарскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Евробаскетот

Селекторот на нашата сениорска женска репрезентација, Александар Ашаданов, го објави списокот на кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари од квалификациите за Евробаскетот кој во 2023 година ќе се одржи во Израел и во Словенија.

На листата се најдоа вкупно 17 кошаркарки кои ќе конкурираат за репрезентативниот дрес, односно средбите од третиот ФИБА „прозорец“ во кој нашата женска сениорска репрезентација ќе ги одигра последните два натпревари од групата „А“ од квалификациите.

Прво против селекцијата на БиХ, кој го играме на 9. февруари во салата на Спортскиот центар „Сабит Хаџиќ“ на Илиџа во Сараево (со почеток од 20.часот).

Како и оној три дена подоцна, на 12. февруари, против селекцијата на Белгија, на домашен терен, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, чиј почеток е закажан за 18.часот.  

СПИСОК НА КОШАРКАРКИ ЗА ФЕВРУАРСКИ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ ОД КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2023

1.Анџелика Митрашиновиќ     Монтана Бугарија

2.Илина Селцова  Peac Унгарија

3.Mерит Хемпе      Nesibe Aydin Ankara Турција

4.Тијана Митрева Aran Cucine Panthers Roseto Италија

5.Марија Димитријевиќ Бадел 1862 Скопје

6.Матеа Николиќ Stella Azzura Италија

7.Милица Николиќ          Baloncesto Torrelodones Шпанија

8.Ања Начевска    Вардар Скопје

9.Јелена Антиќ       Вардар Скопје

10.Александра Стојановска     Maristas Шпанија

11.Нена Трајчевска          CB Arxil Шпанија

12.Цветанка Димова       Баскет Кам 2011 Каменица

13.Катерина Поп-Димитрова   Баскет Кам 2011 Каменица

14.Драгана Петковска    Вардар Скопје

15.Михаела Алексовска Крива Паланка

16.Ивана Кметовска        Sf. Gheorghe Романија

17.Сања Адамовска        Баскет Кам 2011 Каменица