13.02.2023

„Ова треба да е мотив за овие млади кошаркарки кои треба да ги наследат оние пет-шест поискусни кои ги имаме“

Селекторот Ашаданов за идните планови: „Се надевам дека ова е само еден почеток за она што следи“ (ВИДЕО)

Селекторот Александар Ашаданов ги сподели своите размисливања за она што се случуваше на последниот квалификациски меч, против селекцијата на Белгија, но и за она што следува во перидот кој е пред нашата женска сениорска репрезентција.

„Не можам да им замерам на девојките, во смисол на тоа дека сеуште ги држи некоја еуфорија особено по онаа голема победа која ја реализиравме во Сараево. Искрено, за тој натпревар јас сум пресреќен, пред се, поради девојките, кои и претходно играле и за младинските селекции, сега и во сениорска конкуренција, и ми премило што дојдоа до една таква победа после десет години. И не можам да им замерам за некоја таква работа. Ќе повторам уште еднаш, дека без оглед на се, дури и да бевме во комплетен состав, Белгија е пресилен противник за нас“

Кои се предвидувања на селекторот, за на што следува во наредниот период.

Се надевам дека ова е само еден почеток за она што следи. Пред се, тоа треба да биде мотив за овие млади кошаркарки кои треба да ги наследат оние пет-шест поискусни кои ги имаме сега во тимот. Да им биде мотив, да имаат цел да дојдат на нивно место. И искрено се надевам дека барем еднаш во некој нареден циклус на квалификациите ќе бидеме комплетни и ќе го дадеме својот максимум“- истакна Ашаданов по завршувањето на овој квалификациски циклус за ЕП 2023.