23.06.2022

Предводникот на нашиот сениорски национален тим смета на 14. кошаркари за натпреварите против селекциите на Шпанија и на Украина

Селекторот Драган Бајиќ ги одбра кандидатите за јулскиот квалификациски ФИБА „прозорец“

Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го објавува списокот на кошаркари на кои ќе смета за јунскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Со оглед на краткиот временски период до првите квалификациски обврски, односно наредниот натпревар од квалификациите за СК, закажан за 1.јули, кога гостуваме репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за еден потесен список од 14. кошаркари.

Првиот собир на сениорскиот национален тим  е предвиден да биде на 25. јуни, во салата на А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во 10.часот, каде „црвено-жолтите“ ќе се подготвуваат до заминувањето за Сарагоса, како и по враќањето од Шпанија

Инаку, освен дуелот со „црвената фурија“ во Сарагоса, нашата сениорска селекција ќе одигра уште еден натпревар во јунскиот квалификациски циклус за пласман на Мундобаскетот.

На 4. јули, во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, од 18.часот, ни гостува селекцијата на Украина.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ЗА ФИБА „ПРОЗОРЕЦОТ“ ВО ЈУЛИ 2022