28.06.2022

Место во авионот за Шпанија, има за дебитантите Рубин Стефанов и Виктор Ташовски

Селекторот Драган Бајиќ ги одреди патниците за Сарагоса

Последниот тренинг, вечерва во А1 Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, го тргна и дилемите кај селекторот Драган Бајиќ во поглед на финалниот играчки ростер на кој ќе смета за претстојниот натпревар против актуелниот светски шампион, селекцијата на Шпанија,

Со оглед на големиот број на отсуства на првата, бековска позиција во селекцијата, Бајиќ се определи да им даде шанса на двајца млади кошаркари.

Селекторот одлучи Рубин Стефанов и Виктор Ташовски ќе се обидат да му дадат поддршка на Кристијан Николов на првата бековска позиција во мечот против бранителот на светската круна.

ФОТО: Страхил Николов и Валмир Какруки ќе чекаат наредна шанса за настап во сениорскиот тим

Мечот од 5. коло од „Г“ квалификациската група е закажан за 1. јули од 19.30 часот, а ќе се игра во Арената „Павиљон Принц Фелипе“ во Сарагоса.

Според планираните активности, нашиот сениорски национален тим утре изутрина, во 8.40 часот полетува кон Истанбул, а потоа следува и лет кон Мадрид. На шпанското тло нашите најдобри кошаркари треба да бидат некаде пред 17.часот, по што следува уште еден трансфер до крајната дестинација – Сарагоса.

Стручниот штаб предвиде три тренинзи во салата каде на првиот ден од јули ќе играме против „црвената фурија“. Првите два се на 2. јули од 9.30 до 11. часот, односно од 19.30 до 21.часот. Ќе се тренира и на денот на одигрување на натпреварот, од 11 до 12.30 часот.

СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ДУЕЛОТ СО ШПАНИЈА