Вториот и последен тренинг во СРЦ „Кале“ во Скопје, го одреди и конечниот список на 12 кошаркарки кои утре изутрина, од 10.часот тргнуваат на пат за Словачка, поточно за Левице, каде Македонија против Словачка ќе го игра натпреварот од 5. коло од претквалификациите за Евробаскетот 2025.
Селекторот Јончевски се определи за скоро истиот состав кој ги одигра последните два натпревари, оние против селекциите на Данска и на Норвешка кои беа дел од ноемврискиот „прозорец“ нa ФИБA, одиграни во Гевгелија.
Ново име во ростерот на „црвено-жолтите“ е кошаркарот на Сигал Приштина, Лејсон Зеќири.
Високото крило ќе ги чека своите први минути во сениорскиот национален тим на средбите со Словачка закажана за 23. февруари, во Левице, и против репрезентацијата на Норвешка, натпревар кој е предвидено да се игра на 26. февруари (недела), во Осло.
За решавачките средби од „Д“ групата од претквалификациите за ЕП 2025, селекторот Јончевски смета на следните кошаркари:
Кристијан Николов (Коњаспор), Андреј Магдевски (Донар), Војдан Стојановски, Дамјан Робев, Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (Темишвар), Ти-Џеј Шортс (Телеком Баскет Бон), Теодор Симиќ (Игокеа), Стојан Ѓуроски (Оуренсе), Лејсон Зеќири (Сигал Приштина), Андреј Маслинко (Пелистер), Страхил Николов (ТФТ Mozzart).
КОИ СЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА ЛЕЈСОН ЗЕЌИРИ ПРЕД ДВАТА НАТПРЕВАРИ СО СЛОВАЧКА И СО НОРВЕШКА?