11.11.2024

Пред двомечот со селекцијата на Литванија, предводникот на нашиот национален тим смета на проверен играчки кадар

Селекторот Јончевски го објави поширокиот список за ноемврискиот ФИБА „прозорец“

Месецот ноември со себе носи и уште две репрезентативни возбудувања, односно настапите на нашата машка сениорска репрезентација во квалификациите за Евробаскетот 2025 година.

А календарот во групата „Х“ вели дека на ред се два исклучително важни дуели за „црвено-жолтите“, кои по половичниот ефект во февруарскиот циклус (победа над Полска и пораз од Естонија), ќе се соочат и со најголемиот фаворит за освојување на групата „Х“, репрезентацијата на Литванија.

На 21. ноември (четврток), Македонија ќе биде во улога на домаќин на натпреварот кој ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, со почеток од 18.часот.

Три дена подноцна, на 24. ноември (недела), следува гостување во Клаипеда.

Во пресрет на овие два исклучително важни натпревари, селекторот Александар Јончевски го одреди и оној поширок список на кандидати за настап во националниот тим за овие два натпревари.

ПОШИРОК СПИСОК НА МАШКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:

Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Ти-Џеј Шортс, Амар Хот, Ваљмир Какруки, Лејсон Зеќири, Теодор Симиќ, Максим Митевски, Андреј Митревски, Страхил Николов, Лука Стојановски, Бобан Стајиќ, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Дамјан Стојановски, Дамјан Робев, Итан Хап, Виктор Ефремовски, Марин Петков