Женската репрезентација на Македонија за кошаркарки „Под 18“години отпатува за БиХ каде во наредните два дена ќе ги има и првите проверки на сработеното во подготвителниот период.
Селекторот Горан Крстевски ќе ја има имаа онаа прва „слика“ за моменталните можности на кошаркарките кои ги одбра да бидат дел од акцијата наречена настап на ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 2. до 11. август ќе се одржи во романскиот град Плоешти.
„Зад нас се дваесет дена работа со обем од околу триесетина тренинзи. Почнавме со 20 девојки, а после првата седмица имавме дополнителна селекција и останавме на бројка од 16. кошаркарки. Уште на стартот на подготовките имавме вирусна инфекција кај неколку играчи кои ја пропуштија втората седмица од подготовките. Морма да напоменам дека тука ја изгубивме Начевска, можеби нашиот најдобар играч, која продолжи со лекувањето и нема да учествува на Европското првенство во Романија. Продолжуваме понатаму, патуваме во Бужим, каде што ќе имаме двомеч со репрезентацијата на Босна и Херцеговина“ – појаснува предводникот на оваа наша национална селекција.
Извесно е дека овие две „контроли“ ќе бидат и последниот филтер за Крстевски во креирањето на тимот кој ќе патува за Романија.
„Тоа ќе бидат нашите единствени подготвителни натпревари каде што ќе треба да провериме до каде сме со нашата форма гледано од повеќе натпреварувачки аспекти. По одигрувањето на овие два меча, следи и последната селекција на играчите каде што ќе го определиме конечниот ростер од 12. девојки кој ќе патуваат во Романија.
Морам да изразам задоволство од залагањето на сите 20 девојки кои покажаа голема посветеност и желба да играат за државниот дрес. По враќањето од БиХ, остануваме во Скопје да доработиме на натпреварувачката форма и на 30. јули конечно ќе отпатуваме во Романија каде следува настапот на Европското првенство“ – додава Крстевски.
За двата контролни натпревари кои оваа наша селекција ќе ги игра во наредните два дена (на 23 и на 24.јули) селекторот Крстевски смета на следниве кошаркарки: Ангеловска, М.Николиќ, Стојковска, Димковска, Б.Николиќ, Џангаровска, Алексова, Мариновска, Пислевска, Трајковска, Колева, Сарафилоска, Милосављевиќ и Мицева