Селекторот на женската репрезентација на Германија, Волт Хопкинс повика 15.кошаркарки на кои ќе смета за претстојните два натпревари од „А“ квалификациската група за пласман на Европското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Израел и во Словенија.
Заедно со своите асистент Сидни Парсонс и Стефан Менак се определија за микс на играчи со не баш големо интернационално искуство, засилени со неколку искусни кошаркарки како што се Свенја Брункгорст, која е капитен на оваа селекција, Соња Гренахер, и повратникот во националниот тим Роми Бар.
Германките се наши противници во недела навечер (19.часот), во СРЦ „Кале“ во Скопје. Претходно, на 24.ноември на домашен терен ќе ја дочекаат досега непобедената селекција на БиХ.
Составот на Германија за ноемврискиот квалификациски циклус:
Роми Бар (Реинланд Лајонс), Свенја Брукхорст (Бундесвер), Ама Дебеон (Прима Академија), Ема Ешмајер (Пантерс Оснабрик), Леони Фибич (Касадемонт Сарагоса), Луиса Гиселсодер (Ла Рош Венде), Соња Гренахер (Бундесвер), Мари Гулич (Валенсија), Алина Хартман (Старс Келтерн), Ана Лапекупер (Реинланд Лајонс), Мари Рихерт (Пантерс Оснабрик), Џесика Шифер (Ридер Универзитет), Лаура Шинкел (Лионс МБЦ), Тереса Симон (Марбург Фармасери), Александра Вилке (Стартс Келтерн)