24.06.2021

Првиот работен ден на оваа наша јуниорска селекција ќе биде утре, во Маврово.

Селекторот Никола Василев одбра 18. кандидати за репрезентацијата „Под 18“ години

По селективните тренинзи кои беа реализирани во текот н изминатите денови, селекторот на нашата селекција на играчи „Под 18“ години, Никола Василев, го направи списокот на играчи на кои ќе смета во периодот на подготовките, и секако настапот на ФИБА „Челенџерот“ во Скопје.

Василев запиша вкупно 18. имиња, кои од утре ќе ги стартуваат подготовките за летните евро-предизвици.

Првиот работен ден на оваа наша јуниорска селекција ќе биде во Маврово.

Поточно, според програмата на стручниот тим на У18 селекцијата во кој се уште и асистентите Нино Чачиќ и Душко Јаковчевски, првите седум дена јуниорите ќе ги поминат на висински подготовки. А по „симнувањето“ од нашата планинска убавица, тренажниот процес ќе продолжи во Скопје, а вклучува и одигрување на неколку контролни средби.  

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

Андреј Митревски (КК ТФТ)

Марин Петков (КК Вардар)

Резарт Мемед (Aurora Basket Jesi-Италија)

Амар Хот (КК Феникс 2010)

Теон Богатиновски (КК Феникс 2010)

Филип Наков (KK Подгорица-Црна Гора)

Мирослав Ѓорѓевиќ (NBB New Best Basket-Италија)

Павел Атанасов (КК Баскет КАМ)

Горазд Величковски (КК Работнички)

Карло Блажевски (КК Работнички)

Петар Бошалевски (КК Работнички)

Христијан Настовски (КК МЗТ Скопје Аеродром)

Димитар Иванов (КК МЗТ Скопје Аеродром)

Виктор Стојковски (КК МЗТ Скопје Аеродром)

Никола Василевски (КК МЗТ Скопје Аеродром)

Милош Јовановиќ (КК Куманово)

Тома Стојановски (КК Гостивар)

Петар Башовски (Шпанска спортска академија-Шпанија)

Селектор: Никола Василев