Машката младинска репрезентација ќе земе учество на Европското првенство за кошаркари „Под 20“ години кое ќе се одржи во периодот од 15. јули до 24. јули во Тбилиси. А селекторот на оваа наша национална селекција, Никола Василев, го одреди и поширокиот список на кандидати за настап на овој шампионат во Грузија.
На првиот тренинг, кој ќе се одржи на 10.јуни со почеток во 9:00 часот во големата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје треба да се појават вкупно 19 кошаркари.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
1.Лука Савиќевиќ - Eastern Michigan - САД
2.Марко Миловановиќ - Juvi Cremona - Италија
3.Андреј Андоноски – МЗТ Скопје Уни Банка
4.Андреј Митревски – Феникс 2010
5.Павел Данаиловски - Работнички
6.Амар Хот – Феникс 2010
7.Гоце Петрушевски - San Severo - Италија
8.Марин Петков – Феникс 2010
9.Никола Младеновски - GC Zurich - Швајцарија
10.Мухамед Тачи – Чаир 2030
11.Богдан Мирковски – Nardo - Италија
12.Тодор Златев - Еуро Никел 2005
13.Филип Наков - Водно Санс
14.Кристијан Столески – ГКК Охрид
15.Димитар Иванов – МЗТ Скопје Аеродром
16.Никола Василевски – МЗТ Скопје Аеродром
17.Хусеин Бајрам - Вардар
18.Резарт Мемед - Aurora Basket Jesi - Италија
19.Матеј Перица - Poissy Basket - Франција