08.06.2021

Подготовките стартуваат на 14. јуни во Скопје

Селекторот Саша Димитријевиќ смета на 16.кошаркарки за „Челенџер“ турнирот во Скопје

ФОТО: Катерина Поп-Димитриоска и Марија Димитријевиќ се дел од повиканите кошаркарки за настап во У20 селекцијата 

Селекторот на нашата женска репрезентација, кошаркарки „Под 20“ години, Саша Димитријевиќ, го објави списокот на кандидати на кои ќе смета во претстојниот период од подготовките и настапот на FIBA European Challengers 2021 кој ќе се одржи од 13-18 јули, во Скопје.

Според планираните активности, подготовките на повиканите кошаркарки ќе започнат на 14.јуни (понеделник) со почеток во 11.30 часот во големата сала на СРЦ „Кале“ Скопје.

КФСМ ќе ги организира задолжителните лекарски прегледи и ПЦР тестирања, за кои сите повикани кошаркарки ќе бидат навремено известени

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ

Катерина Поп-Димитриоска ЖКК Баскет КАМ

Камелија Игњатова (ЖКК Баскет КАМ)

Сара Максимовска (ЖКК Бадел 1862-Скопје)

Марија Димитријевиќ ЖКК Бадел 1862-Скопје)

Наталија Секуловска (ЖКК Бадел 1862-Скопје)

Јана Јазаџиевска (ЖКК Работнички-Скопје)

Габриела Модева (ЖКК Струга 2009)

Албина Плакај (ЖКК МЗТ Скопје Аеродром)

Тијана Митрева (Италија)

Ивана Кожобашиевска (Италија)

Матеа Николиќ (Италија)

Матеа Атанасовска (Италија)

Елена Тасевска (Италија)

Стефани Костова (Шпанија)

Ана Цветковска (Шпанија)

Теона Поп Стојанова (САД)

Селектор: Саша Димитријевиќ