Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација Александар Тодоров, го определи списокот на 15.играчи кои ќе патуваат за Перм, каде во периодот од 18.до 22. февруари не чекаат четири квалификациски натпревари за Европското првенство во 2022 година.
По неколкуте одработени тренинзи во Скопје, и второто ПЦР тестирање од Ковид-19 кое беше реализирано пред саботниот тренинг во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, шанса добија вкупно 13. кошаркари на кои во текот на утрешниот ден, пред тргнувањето за Перм ќе им се приклучат уште и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.
Собирот на нашата експедиција е предвиден за утре изутрина. во осум часот пред Спортскиот центар „Јане Сандански“, додека летот кон Перм е закажан за два часа подоцна.
КОНЕЧЕН СПИСОК НА ПАТНИЦИ ЗА ПЕРМ
Дамјан Робев
Андреј Митревски
Бојан Крстевски
Дамјан Стојановски
Кристијан Николов
Андреј Магдевски
Бојан Трајковски
Теодор Симиќ
Виктор Ефремовски
Филип Бакоч
Џејкоб Вајли
Војдан Стојановски
Лука Савиќевиќ
Ненад Димитријевиќ
Стојан Ѓуроски
СТРУЧЕН ШТАБ: Александар Тодоров – селектор, Ѓорѓи Кочов, Горан Самарџиев, Никола Велев, Никола Василев (асистент тренери), Ерен Хангун (кондициски тренер), Слободан Николиќ (доктор), Ненад Попоски (физиотерапевт)