20.02.2020

Селекторот Тодоров останува оптимист: Зошто во Талин да не победиме поубедливо?!

Селекторот на Македонија, Александар Тодоров, очекувано не беше премногу расположен на прес-конференцијата по поразот на вечерашниот дуел со Естонија (72:81).

Но искусниот тренер делуваш доста оптимистички. А во исто време поажа верба во своите избраници во однос на средбите кои следуваат.

„Само поради начинот на кој ја одигравме втората четвртина, која ја загубивме со 20 поени разлика, ние не заслуживме да победиме на крајот. Дозволивме да влеземе во брза кошарка која противникот ја наметна, а знаевме дека тоа не смеевме да им го дозволиме.

Згора на тоа, Естонците мечот го почнаа со таква агресија каква што е одлика на домашната екипа. Првпат по подолго време игравме пред полна сала, но тоа не го искористивме. Начинот на кој одигравме во второто полувреме, сепак, ми дава надеж дека сме на добар пат и дека можеме многу повеќе. Има нешто во овој состав и сигурен сум дека ќе ја победиме Естонија во Талин со десет и повеќе поени. Пред нас имаме осум месеци за надградување и напредок и сигурен сум дека не е сѐ решено околу патниците за ЕП 2021“- изјави селекторот по стартниот пораз во квалификациите.

Шејн Витингтон порача дека и покрај вечерашниот пораз, шансите за пласман на Европското првенство не се загубени.

„Одигравме добро второ полувреме, но кошарката е спорт што се игра две полувремиња, а ние не бевме на нивото во првите 20 минути. Естонија е добра селекција, го докажа тоа, ние се боревме до самиот крај, но не успеавме да се вратиме. Ќе се бориме до самиот крај на овие квалификации, нема да се предадеме на следните натпревари“-порача силното крило на нашиот национален тим.