01.08.2021

Дефиниран е изборот на играчи на кои ќе селекторот смета на претстојниот ФИБА турнир кој од 3. до 8. август ќе се одржи во Скопје

Селекторот Василев ги одбра најдобрите 12 кошаркари за скопскиот „Челенџер“

Никола Василев, селекторот на нашиот машки национален тим „Под 18“ години го направи изборот на играчи на кои ќе смета на претстојниот ФИБА „Челенџер“ кој од 3. до 8. август ќе се одржи во Скопје.

На списокот се најдоа имињата на 12. кошаркари кои ќе играат турнирот кој ќе се реализира во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Андреј Митревски, Филип Наков, Марин Петков, Никола Василевски, Резарт Мемед, Амар Хот, Тома Стојановски, Димитар Иванов, Мирослав Ѓорѓевиќ, Горазд Величковски, Теон Богатиновски и Павел Атанасов.

Согласно со распоредот, нашата јуниорска машка селекција сите натпревари на собирот во Скопје ќе ги игра со почеток од 21.часот.

Во првото коло од натпреварите од групата „А“ од „Челенџерот“, на 3. август, нашите јуниори ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Хрватска. Наредниот ден ги чека дуел со репрезентацијата на Грузија, а потоа, на 5. август, и со топ-фаворитот – Шпанија.

По еден ден пауза, на 7. август ќе играме со Србија, а турнирот ќе го затвориме со мечот против Германија, закажан за 8. август.