13.07.2022

Нашата младинска репрезентација ќе биде дел од групата „Б“ заедно со Шведска, Австрија, Косово и домаќинот на првенството – Грузија.

Селекторот Василев ги одреди финалните 12  за Европското првенство во Тбилиси

Машката селекција на играчи „Под 20“ години успешно ги реализираше планираните активности поврзани со настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое од 15. до 24.јули ќе се игра во Грузија.

А непосредно пред денешното заминување за Тбилиси, селекторот Никола Василев го одреди конечниот список на играчи на кои ќе смета за шампионатот.

Нашата младинска репрезентација ќе биде дел од групата „Б“ во која се уште и националните тимови на Шведска, Австрија, Косово и домаќинот на првенството – Грузија.

Според системот за натпреварување, двете првопласирани селекции од четирите групи, обезбедуваат пласман во четвртфиналето. А најдобрите три на шампионатот обебедуваат место во „А“ Дивизијата за наредната година.

РОСТЕР – МАКЕДОНИЈА ПОД 20 - МАЖИ

Марин Петков       192см.          бек     Феникс 2010

Марко Миловановиќ      195см.          крило Јуви Кремона

Андреј Андоноски           200см.          силно крило           МЗТ Скопје Уни Банка

Павел Данаиловски         183см.          бек     Работнички

Гоце Петрушевски           200см.          крило            Сан Северо

Лука Савиќевиќ     190см.          бек     Истерн Мичиген

Филип Наков          194см.          бек     Водно Санс

Андреј Митревски           190см.          бек     Феникс 2010

Амар Хот      199см.          силно крило           Феникс 2010

Тодор Златев          185см.          бек     Еуро Никел 2005

Никола Василевски         192см.          бек     МЗТ Скопје Уни Банка   

Никола Младеновски     204см.          центар          Цирих

СЕЛЕКТОР: Никола Василев

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Сашо Тодоровски

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Нино Чачиќ

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Тино Даневски