02.07.2021

На списокот се 16.кошаркарки кои ќе конкурираат за настап на ФИБА „Челенџерот“ во Тбилиси

Селекторот Златев ги одбра кошаркарките за место во селекцијата „Под 16“ години

Никола Златев, селекторот на женската селекција на кошаркарки „Под 16“ го дефинираше списокот на кошаркарки на кои ќе смета во наредниот период, а ќе кулминира со учество на ФИБА „Челенџер“ турнир.

Кадетките ќе играат на турнирот во Тбилиси, каде од 9. до 14. август ќе се играат мечевите од групата „Е“ за кошаркарки „Под 16 години“.

Покрај Македонија и Грузија, во ова друштво се поставени уште и репрезентациите на: Албанија, Малта и Ерменија.

Селектираните кошаркарки ќе го имаат  првиот тренинг на 5.јули (понеделник) во 17. часот во салата на КК „Вардар“ во Скопје.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ

Марија Николов (Бадел 1862)

Ања Данаиловска (Бадел 1862)

Мила Ѓуковиќ (Бадел 1862)

Божица Стоевска (Крива Паланка)

Михаела Алексовска (Крива Паланка)

Ксенија Петревска (Крива Паланка)

Матеа Додевска (Крива Паланка)

Анастасија Тодоровска (Трокал)

Љубица Бошкова (Трокал)

Ана Милованова (Вардар)

Милица Николик (Вардар)

Зорица Караџова (Баскет КАМ)

Клементина Модева (Струга 2009)

Елијана Граматикова (Италија)

Деа Хоџа (Шкупи)

Ана Ангеловска (Клубски)

Селектор: Никола Златев