Во наредниот период, Македонската кошаркарска федерација ќе обрне особено внимание во развојот на кошаркарската игра, во делот на физичка/кондициска подготвеност.
Односно во едукацијата на оние стручни лица во кошаркарскиот спорт во оваа насока, поврзана со што е можно подобра подготвеност не само на клубовите, туку и оние индивидуалните.
Во таа насока, како своевиден „прв чекор“, кон едукација на потребни кадри во овој сегмент, ќе биде организиран семинар за тренерите за физичка и кондициска подготовка.
Ќе биде реализиран на 18. март, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, со почеток од 18.часот.
Во улога на предавач и демонстратор ќе се најде Проф-др. Александар Кукриќ. А човекот кој претходно беше задолжен за кондициската подготвеност на нашиот националне тим, а сега работи со групата на најталентирани млади кошаркари во Македонија, ќе се посвети на темата:
„Специфичности на кондициските подготовки на младите кошаркари воведен дел од тренингот“.
Семинарот е бесплатен, а поканата важи до сите заинтересирани кои се пронаоѓаат себеси во овој сегмент од кошаркарскиот спорт.