26.06.2018

Не размислуваме на никаков пораз!

Сениорите го одработија последниот тренинг пред заминување за Швајцарија

Македонската репрезентација во машка сениорска конкуренција утре нешто после пладне ќе замине за Швајцарија каде ден подоцна, на 28. јуни, ќе го одигра и последниот натпревар од групната фаза во првата претквалификациска рунда за Евробаскет 2021.

Засега, избраниците на Јорданчо Давитков се првопласирани на табелата во групата А со максимален учинок од три победи. Во Швајцарија одиме по четвртиот триумф, без калкулации.

Јорданчо Давитков
Имавме еден добар претквалифкациски циклус. Победивме три натпревари и изградивме добра атмосфера. Овој меч доаѓа во незгодно време, но изминатите десет дена ги минавме доста добро. Успеавме да го вклопиме и новиот Американец - Шејн Витингтон. Одиме да победиме, но нема да биде лесно. Многумина очекуваат само да се појавиме на паркетот, но ние мораме максимално да се испотиме и да се пласираме понатаму. Желба е да се продолжат серијата на победи, ќе биде тешко, но наша цел е само триумфот. Сите во Европа играат кошарка и во светот. Нема повеќе мали тимови. Швајцарците ќе се обидат да ја искористат својата шанса на домашен терен, но ние ќе се потрудиме да им парираме. Ростерот што го имаме на располагање е тој, а кој ќе игра ќе одлучиме во наредниот период.

Стојан Ѓуроски:
Пред се, одлично сум задоволен од подготовките досега. Почнавме подоцна, но од овие десетина дена работевме доста напорно и дојдовме до посакуваната форма. Швајцарија е тежок противник, првото полувреме ни беше доста тешко во Скопје. Бевме доста близу. Го решивме дуелот во второто полувреме. Не размислуваме на никаков пораз, одиме по победа на гостински терен. Тука е и новиот репрезентативец Витингтон, кој мислам дека доста ќе ни одговара затоа што игра побрза игра од Хендрикс.

Бобан Стајиќ:
По десет дена максимални тренинзи сме подготвени за овој меч. Го познаваме противникот, знаеме кој се нивните предности и слабости. Одиме на победа. Не размислуваме на никаков пораз. Мислам дека со таков победнички пристап на паркетот ќе дојдеме до посакуваниот резултат