21.02.2018 Националната селекција во машка сениорска конкуренција го одржа првиот собир во пресрет на натпреварот против Словачка во рамки на вториот прозорец од претквалификациите за Евробаскет 2021. Селекторот Јорданчо Давитков повика 16 за овој натпревар и сите одговорија на неговиот повик. Првата прозивка помина во комплетен состав. Сениорите во наредните три дена ќе се подготвуваат за натпреварот кој е од исклучителна важност. В недела, со почеток во 20 часот и 15 минути во спортскиот центар „Јане Сандански“ сениорите ќе ја нагостат Словачка која ја совладаа во ноемврискиот прозорец. Влезот ќе биде бесплатен за сите кои ќе сакаат да го проследат од трибините. За тие што ќе бидат оневозможени да го сторат истото ќе можат да го гледаат на МРТ: