20.11.2017

Сениорите го одржаа првиот тренинг во пресрет на претквалификациите за ЕП 2021

Националната селекција во машка сениорска конкуренција го одржа првиот тренинг во пресрет на претквалификациите за Европското првенство кое ќе се одигра во 2021 година. На повикот на селекторот Јорданчо Давитков одговорија вкупно 15кошаркари кои ќе тренираат заедно во наредните два дена пред заминувањето за Словачка кај нашиот прв противник во овој прв прозорец.