Машката сениорска репрезентација на Македонија изутринава замина за Бар, каде утре вечер ќе ја има првата и единствена проверка во текот на августовските подготовки за она што следува на 25, односно на 28. август. Натпреварите против Данска на гостински и против Словачка на домашен терен во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Новуиот селектор на нашата најдобра селекцвицја, Александар Јончевски на пат за Црна Гора одбра 13. кошаркари. Односно сите оние кои се појавија на почетокот на подготовките, и првата работна седмица која беше реализирана во Маврово.
Во тимот кој го предводи капитенот Војдан Стојановски се уште и: Андреј Магдевски, Бобан Стајиќ, Дамјан Робев, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Виктор Ефремовски, како и младите сили како Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Марко Миловановиќ и Димитар Пандев.
Натпреварот стартува во 19.часот, а ќе се игра во спортската сала „Тополица“ во Бар.