Вечерва, раководството на федерацијата, предводено од претседателот Перо Антиќ, генералниот секретар Владимир Георгиевски и спортскиот директор Тодор Гечевски, стручниот штаб и играчите на нашата машка сениорска репрезентација, имаа заедничка вечера во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје.
Нешто како вовед во она што следува во наредниот период, почеток на квалификациите за Светскиот Куп 2023
Веќе од понеделник, изутрина, од 10.часот, стартуваат мини-подготовките пред почетокот на светските квалификации.
Согласно со планот на подготовките, нашите најдобри кошаркари ќе работат во два дневни термини. Утринските тренинзи се предвидени од 10, а вечерните од 18.часот, во салата на СЦ „Јане Сандански“.
Во првиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Светскиот Куп 2023, на 26. ноември, во Скопје, играме против актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Шпанија. Натпреварот ќе се игра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток од 19.30 часот (директен пренос на Спорт Клуб).
По средбата со Шпанија, на 29. ноември следува и онаа против репрезентацијата на Украина, која ќе се игра во „Палатата на спортовите“ во Киев.