Репрезентацијата во машка сениорска конкуренција по нешто повеќе од една година успеа да ги мине претквалификациите за Евробаскет 2021.
Четири натпревари во рамки на првата фаза и уште толку во втората фаза одиграа нашите сениори, на домашен и на гостински терен, и успеаја да се пласираат во квалификациите за континенталниот собир кој треба да се одржи за две календарски години, со идентичен скор и во двете фази. Во првата претквалификациска фаза избраниците на Јорданчо Давитков запишаа три победи и еден пораз (на гости во Швајцарија), а ист е и случајот со втората фаза - три победи и пораз во последниот натпревар (на гости во Романија).
Во натпревар со осцилации во играта, кошаркарите загубија од соодветната селекција на Романија, со 65-53 односно 15-16. 19-13, 12-10 и 19-14 по делници, резултат кој беше доволен за задржување на првата позиција во групата Б која води во директен пласман во квалификациите за ЕП2021.
Првиот евроквалификациски прозорец ќе започне претстојниот ноември.