Машката сениорска репрезентација на Македонија од вечерва е во Солнок, каде е планирано да го одигра својот втор натпревар од претквалификациите за Светскиот Куп во 2027 година.
По напорите кои ги донесе патувањето од Скопје преку Истанбул, до Солнок, стручниот штаб, предводен од селекторот Марјан Илиевски, и 15.кошаркари се сместија во хотелотт „Гарден“, каде ќе биде „базата“ на нашиот национален тим во наредните неколку дена.

Веќе од утре, планирани се и првите тренинзи. Првиот ќе биде реализиран од 18. до 20. часот, во спортската сала во непосредна близина на Арената „Тисалигети“, каде на 9.август е планиран дуелот против домашната селекција.