30.07.2025

Избраниците на селекторот Марјан Илиевски вечерва го одработија првиот тренинг во спортската сала во Куманово

Сениорите се запознаа со условите за работа и за игра во Куманово (ФОТО)

Машката сениорска репрезентација на Македонија од вечерва е во Куманово, каде за неколку дена ќе го одигра и првиот натпревар од втората фаза на претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027 година во Катар.

Селекторот Марјан Илиевски, неговите асистенции и играчите, и аа можност да го почувствуваат сето она што го нуди реновираната арена во Куманово, каде на 2. август ќе ги стартуваме натпреварите од групата „Г“ од претквалификациите за СК.

Ден порано, селекторот Илиевски се одлучи во Куманово да „работат“ 15. кошаркари, кои еден час пред првиот официјален тренинг, имаа медиа-обврски кои ги налага ФИБА пред секој (прет) квалификациски циклус за големите натпреварувања, во овој случај, Светскиот Куп, кој во 2027 година ќе се одржи во Катар.

Согласно со планираните активности на стручниот тим на нашата најдобра селекција, во Куманово ќе се тренира по два пати на ден, до пред стартот на натпреварите, предвиден за нашиот национален празник – Илинден.

Средбата Македонија – Романија ќе стартува од 20.часот, со директен пренос на програмата на МРТВ.