15.07.2017

Сениорите со победа над Бугарија

Поинаку е кога се игра на домашен терен пред својата публика. Нашите сениорски репрезентативци ја израдуваа домашната публика која ова лето првпат ги гледа на домашен терен совладувајќи ја Бугарија со 80-70 односно 15-11, 23-25, 19-18 и 23-14 по делници. Не сметајќи ги првите два натпревари кои нашата репрезентација ги одигра во Словачка, сениорите одиграа на висина на задачата, а победата сигурно ќе им донесе дополнителна самодоверба во периодот што следи...

Стрелци
Стојановски (17 поени), Теодор (15), Тасовски (18), Чековски (12), Јанески (4), Костоски (7), Ѓуроски (6), Брчков (1)