13.09.2018

Сениорите со триумф над Косово ја отворија втората фаза

Репрезентацијата во машка сениорска конкуренција ја отвори втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021 со триумф над Косово. 
Избраниците на Јорданчо Давитков беа сигурни на добро познатиот терен во Приштина, со исклучок на мал пад на концентрацијата во третиот период кога кошаркарите од домашниот состав изедначија и накусо го преземаа водството. Неколкупати нашиот селектор ги построи своите избраници покрај аут-линијата, што резултира со нов пресврт во наша корист. Предноста успеавме да ја задржиме до крајот, до конечни 73-76 односно 16-20, 13-14, 20-14, 24-28 по делници.

Следат два дена одмор па натпревар против Романија на домашен терен, в Скопје.

Целосната статистика од денешниот натпревар може да се погледне на следниот ЛИНК.