23.11.2024

Нашиот најдобар кошаркар им се приклучи на своите репрезентативни соиграчи

Сениорите тренираа во Клаипеда, Ненад Димитријевиќ подготвен за игра!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда каде што утре, од 18.30 часот, (директен пренос на Sport Klub 4HD), ќе се сретне со Литванија во четвртото коло од квалификациите од групата „Х“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

На тимот му се приклучи и Ненад Димитријевиќ кој ќе настапи на утрешниот натпревар. Плејмејкерот на Олимпија Милано синоќа, одвоено од репрезентативците, пристигна во Клаипеда и тренираше со своите соиграчи.

Според планот, нашата најдобра селекција ќе тренира и утре, на денот на натпреварот, во периодот од 10:30 до 11:30 часот.