28.11.2021 Мечот помеѓу селекциите на Украина и Македонија е закажан за 29 ноември, од 19 часот по локално време (18 часот по средноевропско). Во два часот по полноќ, македонскиот национален сениорски тим тргна на пат кон Киев каде веќе во понеделник го игра вториот натпревар од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година. Со оглед на тоа што нема директна линија Скопје-Киев, нашите кошаркари ќе патуваат преку Виена, а во текот на утрешниот ден треба да одржат тренинг во „Дворецот на спортовите“ каде ќе се одигра дуелот со домаќинот. Натпреварот помеѓу селекциите на Украина и Македонија е закажан за понеделник (29 ноември) од 19 часот по локално време (18 часот по средноевропско). Двете репрезентации претрпеа порази во првите дуели од „Г“ квалификациската група. Во Скопје, Македонија загуби од Шпанија, а Украина од Грузија на гостински терен во Тбилиси.