08.05.2019 Нашите сениорски репрезентативки попладнево пристигнаа во Земун, Србија каде во наредние два дена ќе разигруваат против соодветната национална селекција на Србија. Марјан Лазовски и неговите единаесет избранички (Александра Стојановска ќе се придружи по тренингот поради клупски обврски) го истестираа теренот во спортската сала на академија Визура каде ќе се одиграат натпреварите во четврток и во петок. Сениорките претстојното лето нема да земат учество на континенталниот собир, но ќе разигруваат во евроквалификациите закажaни за месец ноември.