По неколку години неактивност Македонската кошаркарска федерација донесе одлука да ја реактивира сениорската женска репрезентација пријавувајќи ја за квалификациите за Европското првенство, предвидено да се одигра идната година (2019) во Летонија и во Србија. Уште во рамки на првиот квалификациски прозорец (ноември 2017 година) стручниот штаб предводен од Марјан Лазовски најави подмладување на ростерот со млади кошаркарки кои во иднина треба да бидат столбот на оваа селекција. Таков ќе биде и случајот во актуелниот прозорец на евроквалификациите, последен за овој циклус. Во ростерот на репрезентацијата овој пат нема да има ниту наурализирана кошаркарка.
Вечерва, со почеток во 20часот и 15 минути нашата подмладена сениорска репрезентација ќе ја пречека соодветната репрезентација на Шведска. Со вкупно четири порази во натпреварите одиграни досега и ниту една победа во рамки на групата Х, нашата репрезентација нема шанси за пласман на континенталниот собир. Последните два натпревари, против Шведска на домашен и против Хрватска на гостински терен, избраничките на Лазовски ќе ги одиграат за докажување на оваа репрезентација и достоинствен крај на евроквалификациите за ова првенство. Колективен став на репрезентацијата е дека не смее да се подигне бело знаме пред да започне да одбројува официјалниот семафор.
Ростер:
Наталија Секуловска (4)
Габриела Модева (5)
Ивона Кожобашиовска (6)
Александра Стојановска (7)
Софија Лазареска (9)
Ивона Пејковска (10)
Матеа Николиќ (11)
Јована Петрушевска (12)
Цветанка Димова (13)
Бојана Попова (14)
Ивана Кметовска (15)
Анџелика Митрашиновиќ (24) (c)
Селектор: Марјан Лазовски
Асистент: Стојна Вангеловска
Кондициски тренер: Златко Јанакиевски
Физиотерапевт: Бранкица Перчинковска
Доктор: Виктор Тевчев
Официјални лица на натпреварот се триотo Цеков, Хоџај и Тожер додека делегат на натпреварот е Таназис.
Поддршката од трибините е секогаш добредојдена! Вратите на малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“ на сите кои сакаат да ја поддржат нашата женска репрезентација се отворени. Натпреварот ќе биде пренесуван во живо на МРТ како и на YouTube каналот на ФИБА.
Останато на репертоарот на ФИБА: