3. февруари, 2005 година
Женската сениорска репрезентација денеска означи почеток на мини - подготовките во пресрет на последниот евроквалификациски прозорец.
Селекторот Александар Ашаданов прозиваше во СРЦ Кале, заедно со своите стручни соработници Атанас Димов и Виктор Петровски. Кошаркарките ќе одржат неколку тренинзи во Скопје, а в среда наутро ќе заминат за Белград каде в четврток ќе си ги одмерат силите со соодветната репрезентација на Србија. Натпреварот е закажан за четврток (6. февруари) со почеток во 18:00 часот во спортската сала „Александар Николиќ“.
Три дена подоцна, на 9. февруари, кошаркарките ќе се пресметаат против Украина, во „Олимписки Центар Рига“ во Летонија. Натпреварот в недела е закажан за 20:00 часот (локално време).
Повеќе фотографии од денешниот тренинг се објавени на Facebook профилот на КФСМ или на следниот ЛИНК.