Нашата женска сениорска репрезентација го започна евроквалификацискиот циклус со пораз.
Избраничките на Владимир Ѓоровиќ не успеаја да и се спротивстават на германската репрезентација која во финишот славеше со105-40 односно 28-10, 25-10, 19-4 и 33-16 по делници.
Стрелци: Стојановска (16), Трајчевска (15), Деловска (5), Јоловиќ (2), Кметовска (2).
Сениорките во текот на утрешниот ден ќе пристигнат во Скопје каде два дена подоцна ќе го нагостат тимот на Летонија.
Вториот натпревар од овој прв квалификациски прозорец ќе се одигра в недела (17.11) со почеток во 19:00 часот во големата сала при Спортскиот Центар „Јане Сандански“.