Нашата женска сениорска репрезентација не успеа да запише триумф ниту на вториот одигран натпревар во рамки на првиот прозорец од евроквалификацискиот циклус.
За првпат на домашен терен во овој прв прозорец од вкупно три, сениорките не можеа да ја совладаат соодветната национална селекција на Летонија која во финишот беше подобра со 39-98односно 4-25, 7-21, 19-27 и 9-25 по делници.
За сениорките следи официјална пауза од една година, до вториот прозорец од евроквалификациите.
Стрелци: Селцова (11), Кметовска (8), Трајчевска (5), Секуловска (5), Лазареска Со. (6), Стојановска (2), Петрушевска (2)