06.02.2025

6.02.2025

Сениорките поразени од Србија

На првиот натпревар од последниот квалификациски прозорец, нашата женска сениорска репрезентација не успеа да запише победа. Овој пат подобра од нашата селекција беше составот на Србија која ни го нанесе петтиот пораз во рамки на групата „Г“ односно вториот од исто толку меѓусебни дуели во овој евроквалификациски циклус со конечни 105-60 односно 27-17, 24-14, 23-18 и 31-11 по делници

На домаќините им беа потребни петнаесетина секунди за да го отворат резултатот. Нивниот ритам на игра успеавме да го следиме во првите пет минути, но мини-серија од шест поени во низа му беа доволни на домаќинот да полека, но сигурно, стигне и до првата двоцифрена предност (24-14). Следеше резултатска криза кај домаќинот што успеавме да ја искористиме и со шест поени во низа да намалиме на пет поени негатива (29-24). Налетот на добра игра не го задржавме, па кошаркарките од домашниот состав ја вратија двоцифрената предност во нивна корист. 
На полувремето се замина со високи 20 поени негатива (51-31) кои до крајот на натпреварот не успеавме да ги анулираме.

За македонската репрезентација, во листата со поени се запишаа капитенот Митрашиновиќ со 17 поени, Стојановска со 16, Селцова и Хемпе со по 10, Матеа Николиќ запиша 4 поени, еден помалку додаде Поп Димитровска.

Следат два дена одмор, па натпревар против Украина во Рига, закажан да се одигра в недела (9. февруари).