21.11.2018

Сениорките против Хрватска за крај на евроквалификациите

Нашата репрезентација во женска сениорска конкуренција вечерва (почеток 19:00) ќе го одигра последниот натпревар во рамки на евроквалификацискиот циклус, на гости против Хрватска.

По неколку годишна неактивност, раководството на МКФ одлучи да ги пријави сениорките за квалификациите за Евробаскет 2021 кои започнаа да се одигруваат ланскиот ноември.
Во групата на смртта, како што набрзо по ждребот ја именува ФИБА, нашата репрезентација се надигруваше со Шведска, Италија и со вечерашниот противник Хрватска. Досега сениорките не запишаа ниту една победа.

Десеткувани од самиот почеток на циклусот квалификации, селекторот Марјан Лазовски ниту еднаш немаше комплетен состав на репрезентацијата на располагање. Натпреварите и резултатите ќе бидат земени како искуство кое ќе послужи во иднина за следните активности на оваа репрезентација.

Денешниот натпревар ќе може да се проследи во живо на YouTube каналот на ФИБА.