03.07.2017

Сениорките сместени во четвртиот шешир за ждребот за евроквалификациите

Сениорската репрезентација во женска конкуренција по три години отсуство од европската сцена е пријавена за квалоификациите за претстојниот Евробаскет. За две години од сега, најдобрите селекции од Европа ќе се борат за европската круна, а ждребот за квалификациските групи ќе се одржи утре.

Вкупно 34 земји се пријавија за учество на евроквалификациие меѓу кои и Република Македонија. Врз основа на досегашните резултати, македонската репрезентација е сместена во четвртиот шешир заедно со Финска, Бугарија, БиХ, Португалија, Естонија, Швајцарија и Албанија. Репрезентациите ќе бидат разделени во осум групи, а квалификациите ќе започнат во ноември. Континенталното првенство ќше се одигра во јуни, 2019 година. Две групи ќе се надигруваат во Латвија, две во Србија каде ќе биде одигран и финалниот натпревар.