19.07.2019

Сениорките сместени во четвртиот шешир за ждребот на евроквалификациски групи

Триесет и пет земји од Стариот континент пријавија интерес за учество во квалификациите за Евробаскет 2021. Пред неколку дена ФИБА одлучи довербата за организирање на настанот да им ја додели на Шпанија и на Франција кои ќе бидат изоставени од евроквалификацискиот циклус.

Па така, триесет и три репрезентации ширум Европа ќе се надигруваат во рамки на три квалификациски прозорци за пласман на континенталниот собир.

Првиот прозорец е предвиден за претстониот ноември (2019 година), вториот ќе се одигра идниот ноември (2020 година), а последниот ќе се одигра на почетокот на месец февруари во 2021 година.

Репрезентациите ќе бидат поделени во девет групи од кои шест ќе бидат составени од четири репрезентации, а три групи ќе имаат три репрезентации. Секоја репрезентација ќе одигра по два натпревара против останатите во групата, на домашен и на гостински терен.

Првопласираните репрезентации од секоја група како и петте најдобри второпласирани репрезентации ќе се квалификуваат на Европското првенство кое ќе се одигра во 2021 година.

Нашата репрезентација е сместена во четвртиот шешир, заедно со Естонија, Бугарија, ФИнска, Албанија и Данска.

Ждребот ќе се одржи в понеделник (22. јули) во Минхен со почеток во 12:15, а пренесувано во живо на YouTube каналот на ФИБА.