13.11.2019

Сениорките заминаа за Германија

Нашата женска сениорска репрезентација рано утринава замина за Нердлинген, Германија каде утре ќе го одигра првиот натпревар од првиот прозорец од циклусот на квалификации за Европското првенство 2021.

Селекторот Владимир Ѓоровиќ заедно со својот асистент Срѓан Дамњановски одбраа дванаесет кошаркарки кои ќе ги бранат националните бои.

Натпреварот е закажан за 14. ноември (четврток) со почеток во 19:00 часот. Истиот ќе може да се следи во живо на YouTube каналот на ФИБА.