06.11.2017

Сениорките започнуваат со подготовките за евроквалификациите

Нашата сениорска селекција во женска конкуренција од денес официјално ги започнува подготовките пред натпреварите од квалификациите за Европското првенство. Сениорките ќе тренираат двапати на ден, во спортската сала „Јане Сандански“ каде впрочем ќе го одиграат и првиот натпревар од овој прв квалификациски прозорец, против силната Италија која ни доаѓа на гости в сабота, 11. ноември (почеток на натпревар 17:00 часот).

Од скратениот список, селекторот Марјан Лазовски нема да може да смета на капитенот Јелена Антиќ, Ана Тантуровска и на Ивона Пејковска кои заработија незгодни повреди.

Заедно со селекторот Лазовски и неговиот асистент Стојна Вангеловска ќе работи и Златко Јанакиевски кој е одговорен за физичката подготвеност на кошаркарките.

Првиот тренинг на нашата национална женска селекција ќе се одржи денес, (6.ноември) со почеток во 17:00 часот во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. Тренингот ќе биде од отворен карактер за претставниците на медиумите кои ќе сакаат да присуствуваат на истиот.

Македонската кошаркарска федерација им посакува успешни погдотовки и уште поуспешни натпревари на сениорките!