Центарот на Грузија, Георги Шермандини, засега е најкорисниот играч во квалификациите за Евробаскетот 2022 година.
На четирите одиграни натпревари, Шермандини има 26.5 индексни поени. Тоа е подобар индивидуалeн резултат во однос на А.Џ. Слотер од Полска кој е на 24.5, и неговиот репрезентативен соиграч Тед МекФејден кој има просечни 24.3 поени.
Бекот на полската селекција, А.Џ Слотер е прв стрелец во квалификациите. Има просечни 27.5 поени, пред одличниот Данец, Габриел Лундберг со 25.3 и Естонецот Кристијан Куламае со 24 поени по меч.
Кај скокачите, во преден план е ефектот на Себастијан Саиз. Шпанецот во просек остварува по 11. скока, пред Георги Шермандини кој има просечни 10.5, и Романецот Емануел Кате со 10. скока по натпревар.
Уште еден Шпанец, Карлос Алоцен, е на врвот на листата, но на најдобри асистенти. Во просек, новиот бек на Реал Мадрид додава по девет пати на еден меч. Тамит Блат (Израел) има едно додавање помалку, исто како и францускиот организатор на играта Андре Албиси.
ТОП 3 ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ
(по четири одиграни кола)
ИНДЕКС НА УСПЕШНОСТ
Г. Шермандини (Грузија) 26.5
А.Џ. Слотер (Полска) 24.5
Т. Мекфејден (Грузија) 24.3
ПОЕНИ
А.Џ. Слотер (Полска) 27.5
Г. Лундберг (Данска) 25.3
К. Куламае (Естонија) 24.0
СКОКОВИ
С. Саез (Шпанија) 11.0
Г. Шермандини (Грузија) 10.5
Е. Кате (Романија) 10.0
АСИСТЕНЦИИ
К. Алоцен Шпанија) 9.0
Т. Блат (Израел) 8.0
А. Албиси (Франција) 8.0