08.09.2021

Турнирот ќе се игра во две групи, а учество ќе земат екипите на ТФТ, Навико Академија ФМП, Работнички, Феникс 2010, Куманово и Ангели.

Шест прволигаши ќе играат турнир во чест на Анте Дуковски

Во организација на кошаркарските клубови ТФT и Навико Академија ФМП, и во чест на истакнатиот кошаркарскиот работник Анте Дуковски во наредниот период од 8.до 12. септември, ќе се одржи меморијален кошаркарски Турнир кој ќе го носи неговото име.

Турнирот ќе се игра во две групи, а на истиот покрај организаторите, учество ќе земат и екипите на Работнички, Феникс 2010, Куманово и Ангели.

Дозволен е влез на лимитиран број гледачи според важечките мерки за организација на спортски натпревари во затворено. Секој присутен во салата мора да поседува доказ за извршена вакцинација.

Распоред на натпреварите

Група A (сала СРЦ Kалe )

8.септември (среда)

18:30 - ТФТ – Феникс 2010

9.септември (четврток)

18:30 - TФТ – Работнички

10.септември (петок)

18:30 - Работнички – Феникс 2010

Група Б (сала „Независна Македонија“)

8.септември (среда)

20:30 – Навико Академија ФМП - Куманово

9.септември (четврток)

18:00 - Навико Академија ФМП - Ангели

10. септември (петок)

18:00 - Aнгели – Куманово

11.септември (Сабота)

17:00 (А1-Б2) – ПОЛУФИНАЛЕ-1

19:30 Б1-А2) – ПОЛУФИНАЛЕ-2

12.септември (недела)

17:00 – ЗА ТРЕТО МЕСТО

19:30 – ФИНАЛЕ

*Завршницата на турнирот ке се игра во СРЦ „Кале“