Двете водечки екипи во шампионатот, Вардар и Бадел 1862 славеа убедливи победи... Тесна победа на Струга 2009 во дуелот со Баскет КАМ.
Вардар и Бадел 1862, двете екипи кои важат за најголеми фаворити во борбата за шампионскиот триофеј, во ова шесто коло од шампионатот беа немилосрдни спрема своите ривали. Ја надминаа бројката од сто реализирани поени.
„Вардарки“ во дуелот со Студент Академија (101:63), а „баделки“ против делчевски Патриот 2016 (105:33).
Изгледот на табелата останува скоро ист, со забелешка дека екипата на Струга 2009 го држи приклучокот со врвот, по тесната победа на свој терен против КАМ Баскет (56:55).
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО
Трокал – Пробаскет Академија 27:76
Вардар - Студент Академија 101:63
Крива Паланка – Гостивар 2009 98:66
Бадел 1862 – Патриот 2016 105:33
Струга 2009 - Баскет КАМ 56:55
Пантери – Шкупи 41:38
ТАБЕЛА: Вардар 12, Бадел 1862 11, Струга 2009 11, Баскет КАМ 10, Крива Паланка 9, Гостивар 2009 9, Пробаскет Академија 9, Студент Академија 9, Шкупи 7, Пантери 7, Трокал 7, Патриот 2016 7
ИДНО КОЛО (О7.12)
Баскет КАМ – Трокал
Патриот 2016 – Пантери
Пробаскет Академија – Бадел 1862
Студент Академија – Струга 2009
Шкупи – Крива Паланка
Гостивар 2099 - Вардар