27.08.2017

Шесто место на „Slovenia Ball“

Нашите најмлади репрезентативци го освоија шестото место на турнирот „Slovenia Ball“. Во рамки на последниот натпревар, избраниците на Денис Дервишевиќ испуштија победа над селекцијата на Украина со која втор пат се пресметавме на овој турнир. 

Турнирот го отворивме со феноменална победа над ’белите’ од Словенија, па следеше низа од порази, вкупно три во првата групна фаза. Формирањето на втората групна фаза, во која разигрувавме за пласман, ни донесе победа над Полска и борба за петтото место. Последната битка ја загубивме со 63-68 од Украина.

МАКЕДОНИЈА - Украина 63-68 (10-17, 23-16,15-14, 15-21)
СТРЕЛЦИ
Наков (6 поени), Величковски (2), Митревски (9), Наумоски (9), Трпески (4), Кларица (5), Боцевски (17), Петков (6), Ѓорѓевиќ (5)