Шкупи и Гостивар со меѓусебен дуел ќе го отворат М14 турнирот за девојчиња - КФСМ
09.03.2017

Шкупи и Гостивар со меѓусебен дуел ќе го отворат М14 турнирот за девојчиња

Вкупно осум екипи ја поздравија иницијативата на Македонската кошаркарска федерација за организирање на турнир за девојчиња до 14 години. Екипите на Струга, Баскет Кам, Трокал и Бадел 1862 односно МВП Скопје, Шкупи, Гостивар и Пелистер се екипите кои наредниот викенд (18.-19. март) ќе земат учество на првиот турнир за девојчиња родени 2003 година.

Младите кошаркарки на Шкупи и Гостивар ќе ја имаат честа да го отворат првиот ден од турнирот со меѓусебен дуел во 10:30 часот во спортската сала „Шабан Трстена“ во населбата Чаир. Баскет Кам и Трокал ќе се пресметаат во вториот термин - 11:45, МВП Скопје и Пелистер ќе излезат на паркетот во 13:00 часот додека првиот дел од турнирот ќе го заокружат Струга 2009 и Бадел 1862 во 14:15 часот.

Натпреварите ќе се одиграат во четири четвртини кои ќе траат по осум минути додека паузата помеѓу полувремињата ќе бидат 10 минути.