Еден од најголемите кошаркари на сите времиња, настрада по падот на неговиот приватен хеликоптер во Калифорнија во областа Калабасас во Калифорнија...
Еден од најголемите кошаркари на сите времиња – Коби Брајант смртно настрада во хеликоптерска несреќа, за жал на кошаркарскиот свет, објавија повеќе европски медиуми повикувајќи се на американските.
Големата ѕвезда на ЛА Лејкерс се наоѓал во леталото заедно со уште четири лица. Според првите информации нема преживеани по падот на леталото.За жал, една од нив била и неговата 13. годишна ќерка, Џијана.
Брајант летал со својот приватен хеликоптер од марката „Сикорски Ц-76“, а до падот дошло во десет часот наутро по локално врмее во местото Калабасас во Калифорнија. Итната медицинска помош пристигнала веднаш на местото на несреќатга, но не можеле да сторат ништо повеќе од констатирање на смрт на патниците.
Причините за падот се уште се испитуваат, а локалниот шериф го потврдил констатирањето на смртта на сите пет патници во леталото.
Според првите, неофицијални информации до падот на хеликоптерот дошло поради голема и густа магла.
Коби Брајант отсекогаш уживал да се вози со ова превозно средство, Додека играше за Лејкерс, беше познат по тоа редовно да патува со хеликоптер од Њупорт Бич до Стејплс центарот, прочуената сала на ЛА Лејкерс.
Брајант е роден на 23.август 1978 година. Во кариерата го носеше дресот на ЛА Лејкерс, и тоа во периодот од 1996 до 2016 година. Освои пет шампионски прстени (2000, 2001, 2002, 2009, и 2010 година).
Два пати беше МВП на финалето, а најдобар стрелец во НБА лигата во 2008 година.
За каква кошаркарска величина станува збор говори и податокот дека 18 пати беше дел од учесниците на Ол-стар во 1998, а потоа и од 2000 до 2016 година. Единаесет пати беше биран во првиот тим на НБА. Два пати се најде во вториот, а два пати во третиот НБА тим.
Каков мајстор на кошаркарската игра беше, доволно говори податокот дека девет пати беше во најдобриот дефанзивен тим, а три пати во вториот дефанзивен тим. Еднаш победи и во натпреварот на забивање, на Ол-стар викендот во 1997 година.
Тој е единствениот играч во историјата чии два дреса се повлечени од употреба. Оној со бројот осум и со бројот 24. И двата ги носеше играјќи за ЛА Лејкерс.
Во својата НБА кариера, Коби постигна 33.643 поени (во просек по 25. поени по натпревар), Имаше и 7.047 (просек 5.2) скокови и 6.306 асистенции (4.7 по меч), Со репрезентацијата на САД освои две златни медали на Олимписките Игри во 2008 и во 2012 година.
Кога имаше 34.години и 104 денови, Брајант стана најмладиот играч во историјата кој стигнал до бројката од 30.000 поени. На 1. февруари, 2010 година, стана најдобриот стрелец во историјата на Лејкерси на која го помина Џери Вест.