17.02.2025 Квалификации за Евробаскет 2025 Поразот од Естонија од својот претходен репрезентативен настап во дресот на Македонија го мотивира Ти-Џеј Шортс да им помогне на соиграчите од националниот тим во походот кон Евробаскет 2025. Возбуден за предизвикот, вели не сака да зборува за очекувања од евентуален исход, туку да помогне да се победува! „Дефинитивно сум возбуден што пак ќе играм за нешто повеќе од тим, тоа е државата. Се надевам дека ќе помогнам и ќе го направиме нашиот дел да победиме со Естонија и Полска и ќе видиме што ќе биде. Чекам на предизвикот. Мене ми е исто дали играм за Париз и Македонија, ќе се потрудам да помогнам. Нено е лидер на тимот, а јас ќе го дадам моето да му помогнам да го симнам товарот од него. Не сакам да зборувам за очекувања, туку сакам да помогнам да се победува. Знам дека Естонија е млад и гладен тим за успеси. Ќе мора да имаме добра енергија, затоа што знам дека имаат одлична публика. Последен пат кога играв со Естонија во дресот на Македонија, го почувствував тоа. Ни дадоа „удар по устите“ многу рано и бевме во проблеми. Сега сакам да биде поинаку“ - вели Шортс.