07.10.2020

Валенсија е најсериозниот кандидат да ги нагости селекциите кои се дел од групата „А“ во квалификациите

Шпанците се подготвени за „балон“, ноемвриските квалификации во Валенсија?

Шпанците се изгледа, подготвени за она што следува во ноември, односно продолжението на ФИБА „прозорциге“ во квалификациите за Евробаскетот.

Иако сеуште во фаза на неофицијално, шпамската федерациа изразила подготвеност да биде еден од домаќините на ноемвриските „балони“ кои ќе ги реализира ФИБА при процесот на промена на системот за натпреварување во квалификациите за ЕП.

Се најавува дека Валенсија е најсериозниот кандидат да ги нагости селекциите кои се дел од групата „А“ во квалификациите, во која освен „црвената фурија“ се натпреваруваат и репрезентациите на Полска, Израел и Романија.

Ова лето, Валенсија беше домаќин и на завршниот турнир од „Ендеса“ лига кој беше реализиран беспрекорно, па оттука во шпанската федерација се уверени дека овој град и луѓето во клубот се подготвени да реализираат еден сличен собир во кој ќе се почитуваат сите мерки на заштита од Ковид-19.