Шпанија е нов европски првак. Во големото финалена 41.Евробаскет, во Берлин, „црвената фурија“ го продолжи победоносниот низ на турнирот. Излезе како победник и во најважниот меч, оној финалниот, против Франција, и сосема заслужено стигна до златниот медал.
Иако во доста променет состав, во кој има дури осум нови играчи, селекцијата избрана од Серџо Скариоло, стигна до неверојатен подвиг.
Ги обедини двете титули, светската и европската...
ШПАНИЈА – ФРАНЦИЈА 88:76
Првото полувреме од големото финале протекна во комплетна доминација на селекцијата на Шпанија.
Одиграа како „под конец“ избраниците на селекторот Серџо Скариоло скоро цело прво полувреме. Со исклучок на последните три минути. Оние во кои им дозволија на Французите со сертија до (11-0) да го преполоват нивното високо водство од (47:26), да дојдат „триколорите“ до, за нив прифатливи, -10 - (37:47).
Неверојатно шутерско издание имаше Хуанчо Ернангомез. Откако влезе во игра од клуѕпата за резерви, еден до браќата Ернагомез погоди шест тројки (од исто толку обиди). И беше најдобриот поединец на финалето во првото полувреме во кое се чини дека „црвената фурија“ премногу лесно загуби половина од позитивата коај ја изгради, пред се, со фантастична игра во дефанзивата во која беа елиминирани ефектите на Руди Гобер, и Гершон Јабуселе, водечкиот двоец на „галските петли“ во претходните натпревари.
На нивото на задачата беше единствено Еван Фурние, кој беше творец на серијата од 11. поени, која ја врати неговата репрезентација во игра за златниот медал. Даде исто толку поени, со кои донекаде го поправи впечатокот во тие 20.минути, а во кои браќата Ернангомез искомбинираа 28.поени за Шпанија.
Серијата на Французите во „режија“ на Јабуселе, продолжи и на почетокот на третата четвртина. Се „симнаа“ на уште пониска негатива од само три поени, (46:49).
Но тоа беше и нивната крајна „граница“ кога се зборува за резултатот. Шпанците најдоа решенија, овојпат преку Фернандез, која ја продолжи точната стрелба за три поени (негова трета во финалето), и ја врати предноста на „црвената фурија“ на двоцифрена.
Комбинираната зонска одбрана беше и пресудна во играта на актуелниот светски шампион. На почетокот на последната четвртина, Шпанија имаше комотни (68:57). Се покажаа како недостижни из а така квалитетне соства каков што има Франција.
За ново европско злато, кое доаѓа по она светското освоено пред две години на Мундобаскетот во Јапонија.
Секоја чест за Шпанија, новиот европски владетел, до наредниот собир, оној за три години, одново во четири земји, Кипар, Летонија, Финска и Полска, која неспоредно пред финалето, ја доби довербата на ФИБА, да биде четвртиот организатор на наредниот собир на најдобрите кошаркари на Стариот континент.